Вести, распоред и резултати:
За клубот
ФК Шкупи 1927 (албански: KF Shkupi) е македонски фудбалски клуб од населбата Чаир во Скопје. Клубот настапува во Првата македонска фудбалска лига.
Клубот бил основан во 2012 година по спојувањето на ФК Албарса и ФК Слога Југомагнат. Клубот се смета за духовен наследник и обновен клуб на Слога Југомагнат. Во 2013 година, откако Шкупи го загубил баражот за Втората лига, клубот се споил со ФК Корзо од Прилеп, клуб учесник во Втората лига и така обезбедил пласман во Втората лига.