Елиф Елмас

#1

Ajde malce da ja komentirame situacijata so Elmas. Spored mene mlad, fantasticen igrac na koj vo idnina mu sledi bleskava kariera, no toa shto se pishuva sekojdnevno za nego deka cela evropa go saka nema vrska. Momcheto gi plakja li mediumite sekoj den da pishuvaat i da go selat vo nov evropski gigant.

#2

Малку е игра на менаџерскиот тим, а малку на клубот. Мое мислење е дела Елмас во Италија ќе наиде на тактички проблеми. Сигурен сум дека вака млад нема да успее во Италија. Шпанија и клуб од низок профил како Барди во Леванте би било идеална дестинација. И се надевам дека нема да му ја менуваат позицијата и ќе одигра 10-15 натпревари на иста позиција.

#3

Топ играч! Го следам уште во Работнички на 16-17 години кога газеше, по 2-3 гола секој меч… Европското У21 во Полска му беше претставување на меѓународна сцена, посебно кога влезе од клупа против Србија во Бидгошч… според мене, за неколку години со паметни трансфери треба да се издигне во европска фудбалска ѕвезда

#4

Mnogu go dignaa mediumite vo Makedonija, sekoj den piuvaat samo za nego i negoviot sleden klub, i sekoj den razlicen gigant demek. Inache se soglasuvam. Ako ide vo golem klub, potrebnata minutazha nema da ja dobie.

#5

Не се согласувам дека ако оди во голем клуб нема да ја добие потребната минутажа. А што треба да остани во Фенер кој од година во година се распаѓа и да игра по 15 натпревари. Ниту пак е добро да оди во тим како Леванте, оти колку и да си добар ако немаш соодветна поддршка од соиграчите не можиш во целост да го покажеш својот квалитет. Детето е ТОП. Игра во двата правци, може да одговори на повеќе позиции и сигурно во речиси секој клуб ќе може да си го најди местото. Ако оди во некој поголем клуб, пример ете во Тотенхем. Таму точно знаат како се работи со млади и талентирани фудбалери, а тимот во сезоната има преку 50 натпревари, што значи загарантирани ти се најмалку 15 до 20 меча колку што го одигра оваа сезона во Фенер, ама не со тимови како Сива, Анталија…Елмас може слободно да игра во поголем клуб, само ќе мора да го одбери вистинскиот.

1 Лајк
#6

Дечкото е екстра,ама ќе заврши во Лацио или некој тим од таков ранг…