УЕФА Лига на шампиони

#1

29 мај е еден од посебните денови за македонската фудбалска историја. На денешен ден во 1991 година Македонија имаше двајца европски шампиони. Легендарните Илија Најдоски и Горан Панчев со својата Црвена Звезда го освоија Бари и со победата по изедувањето на пеналите го совладаа тимот на Олимпик Марсеј. Стрелец на клучниот пенал за „црвено-белите“ беше токму нашиот Панчев. Според мене, таа Црвена Звезда составена од (Стојановиќ, Белодедич, Најдоски, Шабанаџовиќ, Маровиќ, Југовиќ, Михајловиќ, Просинечки, Панчев, Савичевиќ и Биниќ) е една од најдобрите генерации во поновата историјата на фудбалот. Се разбира тука се и Ајакс на Ван Гал, Барселона на Пеп Гвардиола, генерацијата 92 на Манчестер Јунајтед…

#3

Никој не сака да се повтори „Хејсел“ еден од најцрните моменти во историјата на фудбалот

Денешниот ден е еден од најцрните во фудбалската историја, затоа што пред 34 години 38 лица ги загубија своите живото во стампедото на стадионот „Хејсел“ во Брисел. На 29 мај 1985 година се играше големото финале на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Јувентус, но наместо спектакл имаше голема трагедија. Еден час пред почетокот на финалето група навивачи на англискиот тим бараа одмазда за лошиот дочек во Рим од пред една година и ја прескокнаа оградата и се упатија кон трибината каде беа сместени навивачите на италијанскиот клуб да се пресметаат со нив. Италијанците во паника почнаа да бегаат на сите страни и ги прегазија тие кои седеа, а во целата бркотница се сруши и трибината и голем број луѓе останаа затрупани.