Сезона 2019/20 Final 4 во декември без РК Вардар - кој е тука оштетен?!

#1

Поради коронавирусот ЕХФ донесе одлука Final 4 да се игра во декември без РК Вардар кој е актуелен шампион. На тој Ф4 ќе настапат Веспрем, Барселона, Кил и ПСЖ. РК Вардар требаше да игра осминафинале против Пик Сегед, но сето тоа се откажа, а ЕХФ одлучи најдобрите четири екипи од групите А и Б да вкрстат на Ф4-турнриот и да водат „војна“ за тронот кој е во сопственост на македонски Вардар.

  • Дали можеме да зборуваме за фер одлука на ЕХФ доколку не му дозволи на некаков начин на актуелниот европски првак, кој сеуште е во игра и не е испаднат од натпреварувањето, да се бори за одбрана на титулата?

  • Дали некому му смета магијата на тој Ф4 во Келн каде се случи Вардар двапати да изненади и да освои титули, Киелце со пресврт во последните 10 минути да го победи Веспрем и да стане европски првак, Фленсбург, Монпелје… или и ЕХФ пробува да продаде елитизам и конечно на Веспрем и ПСЖ покрај толку години вложување на средства да им даде шанса да станат европски клупски шампиони?

  • На крајот од денот, каде е убавината која ја носи секој спорт каде Давид може да го победи Голијат и зошто за такво нешто се ускратени ракометните љубители оваа сезона?

П.С. Еве на пример не мора да има Лига на Шампиони секоја година, може ЕХФ да направи турнир секоја година на која ќе играат Барса, Кил, Веспрем и ПСЖ… нели? И се да биде нормално, стерилно и елитно… или не :smiley: