РК Металург (сезона 2020/2021)

#1

Како никогаш досега во овие последни 4-5 години, од Автокоманда доаѓаат сериозни новости и гласини. Потпишувањето на Момир Рник, желбата во своите редови да се врати Гоце Георгиевски, како и понудата која Металург ја има испратено до Здрахала (фановите на македонската ракометна репрезентација сигурно го памтат од дуелите со Чешка - дечкото беше најдобар стрелец на ЕП 2018 каде и нас поштено се „реши“), како и потпишувањето на Бранко Канкараш кој доаѓа од Мешков Брест, се дефинитивно импулс за позитивни ветришта кои дуваат од Автокоманда.

Колку од гласините се вистина, колку од дадените понуди ќе се прифатат останува да видиме, меѓутоа добро е за македонскиот ракомет да се разбуди и Металург и со Вардар и Еурофарм Пелистер да направат трио кое ќе не претставува на европска сцена, но и да го направат македонското првенство интересно кон самиот крај