НБА финале 2019: Новости, статистики, распоред

#1

Распоред

Натпревар 1: четврток, 30 мај во Торонто (3 часот по полноќ)

Натпревар 2: недела, 2 јуни во Торонто (2 часот по полноќ)

Натпревар 3: среда, 5 јуни во Голден Стејт (3 часот по полноќ)

Натпревр 4: петок, 7 јуни во Голден Стејт (3 часот по полноќ)

Натпревар 5: понеделник, 10 јуни во Торонто (3 часот по полноќ)*

Натпревар 6: четврток, 13 јуни во Голден Стејт (3 часот по полноќ)*

Натпревар 7: недела, 16 јуни во Торонто (2 часот по полноќ)*

  • ако има потреба

#2
#3
#4

Факти за финалистите - Торонто Репторс:

  • екипата од Канада ќе игра во своето прво НБА финале

  • Репторси играат второ најбавно темпо во тековниот плеј-оф

  • Торонто има втор најдобар скор на домашен терен во плеј-офот, победил на осум и загубил само на два натпревари

  • кошаркарите на Торонто имаат втора најдобра успешност од слободни фрлања 81,8%, веднаш зад следниот противник Голден Стејт 81,9 %

  • тимот од „Скотиабанк Арена“ има најголем напредок во одбраната од сите учесници во НБА плеј-офот

#5

Факти за финалистите - Голден Стејт Вориорс:

  • шампионот е првиот тим кој стигнал до пет НБА финалиња во низа по 1966 година

  • Голден Стејт е екипата која најдобро ја игра првата четвртина во овогодишното издание на плеј-офот

  • Вориорси имаат скор од 15-0 кога го задржуваат противникот под 115 постигнати поени

  • Кари и Дурант се единствените играчи со над 90% успешност во последните 50 обиди од линијата за слободни фрлања

  • Голден Стејт е најдобриот тим кога се во прашање гостувањата со скор од шест победи и два порази

#6

Најдобри моменти од првиот натпревар од НБА финалето:

#7

Скапанициве и со преполовен тим се вратија во финалето… Штета што искуството на крај ќе биде пресудно и Торонто ќе мора да го прифати поразот, иако има далеку подобра и подлабока екипа…

#8

Како тоа има далеку подобра и подлабока екипа? Подобра екипа од 2 МВП, 5 ал-старс, МВП на финале? Подлабока екипа да точно, но нема баш искуството да пресуди, туку баш подобрата екипа односно Голден стејт. А искрено и не се толку гадни додека играат без Дурант, пак таа брза кошарка и тој проток на топка како и пеколната одбрана ги прави многу подобри од сите екипи во лигата.

#9

Разлика во класи е Голден Стејт и Торонто. Чудо е како и еден меч победи Торонто

#10

Како тоа има далеку подобра и подлабока екипа? Подобра екипа од 2 МВП, 5 ал-старс, МВП на финале? Подлабока екипа да точно, но нема баш искуството да пресуди, туку баш подобрата екипа односно Голден стејт. А искрено и не се толку гадни додека играат без Дурант, пак таа брза кошарка и тој проток на топка како и пеколната одбрана ги прави многу подобри од сите екипи во лигата.

Подобра бидејќи го има најдобриот играч во двата тима (Каваи), а подлабока бидејќи има далеку подобра резервна клупа… едноставно нели…

#11

Дрејмонд предвидува дека финалето ќе заврши по шест натпревари: