Веќе е извесно, а и од страна на Михајло е потврдено дека тој ја презема „раководната палка“ во РК Вардар и дека Сергеј си заминува и треба да го предаде клубот без долгови.
Михајло изјави и дека нема да има буџет како во времето на Самсоненко и дека само флексибилните играчи ќе се вклопат во идниот ростер, а од првиот состанок со играчите имало позитивен фидбек за останување.
- Каков Вардар може да очекуваме?
- Дали освојување на СЕХА лига би било реален врв, а играњето во Европа би била епизодна улога?
- Дали Еурофарм Пелистер и Металург ќе можат да му парираат на овој Вардар?