Gol.mk во Келн: Ексклузивно од завршниот турнир на ЛШ

#1

Веќе трета година по ред, екипа на Gol.mk од лице место го следи учеството на Вардар на финалниот турнир во Келн.

Годинава, акредитирани наши претставници се:

Во оваа тема ќе споделуваат информации и фотографии од „зад сцената“ за уште поблиску да ви ја доловат атмосферата пред новиот обид на Вардар да ја покори ракометна Европа.

#2

Од архивите од шампионската 2017 година во Келн, шо би се рекло „троубек“… Анегдотата следува во продолжение:

Петок, 2ри јуни, 2017 пред Ланксес Арена, ден пред полуфиналињата секогаш има концерти и официјално претставување на четирите екипи кои играат на ф4. Има поставена бина, има многу публика, бендови и во одреден момент водителите ги повикуваат играчите од екипите да се качат на бина. Во бекстејџот РК Вардар наредени чекаат да ги повикаат, Столе Стоилов како капитен стои прв. Одам до кај него и му велам „ми дадоа PHOTO 5 елек, кога ќе освоите во недела, сакам ти на елеков во 5-ката во средина да ми се потпишеш дека во Вардар ти си број 5“. :smiley: Столе: „Готово, договорено…“

Недела, 4ти јуни, Хотел Радисон Блу во Келн, после освојувањето на историската европска титула, Столе го исполнува своето ветување, воедно цел Вардар, играчки и тренерски стаф се потпишани на овој мој фото елек (кој за да го имам во трајна сопственост на ехф им оставив дури 20 еур :slight_smile: )

2 Лајкови
#3

Поради тоа што пред две години елекот со бр 5 јас го земав за дома (иако им оставив 20 евра), оваа година бирав помеѓу 4 и 6… Побарав јас 5 и овој пат, ама ми рекоа дека 5ката ја немаат и не е достапна :smiley: Значи, ќе мора да пробаме со 6, веројатно ќе успее како пред две години

#4

Сите се одушевуваат на жртвата на РК Вардар и како тоа без пари стигнаа во Келн

#5

Некои фотки „позади сцената“ - Velux EHF FInal 4 2019 MEDIA CALL

EHFcl%20F4%202019%20(rakomet)%20Media%20Call-1765

#6

Ракометарите на Вардар на ручек по средбата со новинарите и тренингот во Бергишер!

Новинарите на ЕХФ разговараат со Столе

  • Кое ти е омилено јадење?
    Ќебапи
  • Какво е тоа јадење?
    Дојдете во мојот ресторан, па ќе пробате…

Влезот во „Радисон Блу“ хотел каде што се сместени сите четири екипи на Ф4 во Келн.

1 Лајк
#7

Да го заокружиме денот со две галерии

1 Лајк
#8

Штербик и Бејби Штербик :smiley:

#9

Вардар е само трет фаворит за европската титули според обложувалнивците и фановите…

#10

2017… Иван Чупиќ погоди гол за испишување историја!

#11

Кој ќе ја освои десеттата Лига на шампиони со завршен турнир во Келн?

#12

Дрес на Тони Кукоч, Југопластика Сплит во 2019 година, во Ланксес Арена, Келн, Германија :smiley:

#13
#14

Кој има најдобро седиште во Ланксес Арена? :smiley:

#15

2019-2820

Некогаш соиграчи, денес еден наспроти друг за европска титула - Дејвис и Парондо

Официјални состави: Пријавени Карачиќ и Штербик

Најинтересните моменти од полуфиналето Вардар - Барселона:

Нацијата пулсира со Вардар, поддршка од сите страни за втора европска титула:

Реакцијата на Михајло Михајловски по подвигот на Вардар против Барса:

Отворањето на финалниот ден во Келн:

Започна натпреварот кој никој не сака да го игра на Ф4 - натпреварот за трето место: