Еурофарм Работник во СЕХА лига

#1

Македонскиот прволигаш успеа да обезбеди пласман во СЕХА лигата, откако ја одигра најдобрата сезона во својата млада историја.

Во Битола наредната сезона ќе гостуваат имиња како Веспрем, ППД Загреб, Мешков Брест, Нексе Нашице и др.

#2

„Целта на клубот беше да игра европски натпревари оваа сезона, а јас верував во тој успех и затоа се решив од Металург да се преселам во Еурофарм. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи и навивачи кои ме поддржуваа оваа сезона, а на клубот му посакувам многу успеси во СЕХА лигата. По овој успех со Еурофарм Работник заминувам во Бундеслигата со што мојот детски сон е остварен. Можеби за мене како млад играч ќе биде тешко од почеток, почнувам од нула, но сигурен сум дека ќе го дадам максимумот да се докажам и во дресот на Магдебург“, изјави Кузмановски кој наредната сезона ќе игра за Магдебург.

#3

Клучната победа на „фармацевтите“ се случи во салата „Боро Чурлевски“ против директниот конкурент Металург.

#4

Еурофарм Работник го претстави првото ново име за следната сезона. Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се враќа во својата родна Битола со што „фармацевтите“ ќе добијат одлична опција на голманската позиција за наредната сезона во која се изборија за историски пласман во СЕХА лигата. Во наредниот период се очекува и официјализација и на трансферот на Словенецот Ратајац, а клубот од Битола преговара и со уште неколку имиња, меѓу кои и македонските репрезентативци Танкоски и Бојан Маџовски…

#5

По само 24 часа од претставувањето на Никола Митревски, Еурофарм Работник договори уште еден репрезентативец на Македонија. Сега веќе поранешното крило на Металург, Бојан Маџовски е најновото засилување на битолскиот тим за СЕХА лигата. Договорот е потпишан на три години.

#6

A Pelister koga???

#7

Има време и за него, не се секирај. Ако не за 10 може за 20 години

#8

Шоу маст гоу он :smiley:

#9

Е ова беше публика, ова беше атмосфера! Добро е што го има на Интернет за да учат одние од вештачките клубови

#10

Еурофарм од ден на ден личи на Металург

#12

Не знам како да ти ја сфатам споредбава, со оглед на судбината на Металург

#13

Разликата е што металург тимот го кроеше со млади перспективни играчи а еурофарм доведува веќе созреани играчи

#14

Aјде уште една нова преселба од Скопје во Битола, историјата се повторува