ЕХФ ЛШ 2019 Финале: Вардар - Веспрем 27-24

#1

И покрај сите проблеми и наспроти сите очекувања (но не и нашите :grinning:), Вардар ПОВТОРНО ја елиминира Барселона на Ф4 и игра финале со добро познатиот Веспрем!

Да го коментираме финалниот натпревар во оваа тема.

Линк за резултат во живо:

#2

Не сум некој навивач на Вардар, ама навистина одиграа фантастичен меч против Барса, срца како планини. Цел тим е неверојатен: Кристопанс е ѕвер, Милосављев лудак, Карачиќ доктор, а Столе… Столе е Столе. :pig2::crazy_face::muscle:

Веспрем е голем залак, но Вардар 100 пати покажал дека апсолутно ништо не е невозможно. Само да не се враќаат од -7 денес, два инфаркти во два дена се сепак многу. :laughing:

#3

Фуриозен старт, само да не се опуштат! Веспрем е тврд орев, па ме плаши да не се јави замор во второ полувреме. Ќе биде штета да се изгуби заради кратка клупа.

Оф-топик: Gol.mk, честитки за форумот, потребно е вакво нешто во Македонија!

#6

Да не се разбрани Штербик сега, тој е веројатно единствениот човек кој има сила сам да го сврти мечот. Убаво е да се гледа водство +5 во финале на лш.

Судиите добри. :grinning:

#7

Не знаеме ние без драма ама ете ПАК изненадуваме! Капата долу за тимот, нека издржат уште некоја минута! :raised_hands:

#8

Е-ЖЕ-ЊЕ!
Како фудбалската ЛШ, така и ракометната – да беше ова филм, тешко дека некој ќе напишеше вакво сценарио! Фантастично е чувството што ние сме во главна улога! Браво момци, браво Вардар, браво Македонијо! :macedonia: :macedonia: :macedonia:

1 Лајк
#9

Ова е НЕВЕРОЈАТНО!!! :joy:
Алал да им е на момците. Машки се бореа, витешки победија! А за нас возбуда до макс.
Ќе ве чекаме како херои. :clap:

#10

Секоја чест!! Какво чувство повторно да се види Вардар на врвот!!

1 Лајк
#11

да му се запали зградата на смртТВ

1 Лајк
#12

чудо е ова, немало ваков подвиг во нашата спортска историја, Браво

1 Лајк
#13

Баш ме интересира сега што ќе се случи со Сергеј. Најголем дел од луѓето, па еве и јас, мислевме дека е луд што пред двомечот со ПИК Сегед најави распаѓање на тимот. Не ми е јасно дали човекот има претерано голема среќа или пак е гениј и тактички го сторил тоа знаејќи дека ќе ги мотивира играчите до бескрај?

Интересно е што баш во интервјуто на gol.mk уште пред доста време Сергеј најави дека РК Вардар ќе биде силен и конкурентен во Европа. Ретко кој му веруваше, па дури повеќето медиуми си фаќаа сеир – веројатно ова беше најдобриот начин да им ги затне устите на хејтерите.

1 Лајк
#14

Колку и да посакувам Сергеј да остане, сите сигнали велат дека ќе летне оттука, за жал. Ќе мораме да бараме друг спасител а засега нема некој што се истакнува да го преземе клубот.

Жално, жално, жално е да фрлиме толку силен тим, па и ние навивачите да останеме без вакви радости. Вечерва е магична :muscle:

#15

Еве лично те демантира :rofl::rofl::rofl:


Ако ова е вистина, би било супер. Сепак, чуден расплет ако се има предвид дека ФК Вардар нема да игра во Европа заради неисплатени плати, а и во РК Вардар со месеци се без плата… Ќе видиме што ќе биде.

#16

Ве молам сослушајте ја мојата логика…Пред фајнал форот Металург два пати го шљакаше Вардар…Вардар ја победи Барса, а Барса Киелце, потоа Вардар го победи Веспрем. Што значи дека Металург :large_blue_circle::white_circle: е подобар од:
Вардар
Барса
Киелце
Веспрем

#17

Искрено не сум навивач на Вардар, али ова што го направи е за секоја пофалба… ЧЕСТИТКИ!!! :clap::clap::clap:

#18

Скубе МАЕСТРО!!! низок и навидум неопасен играч, али вчера им одржа лекција на Унгарците по модерен ракомет…

#19

Супер е тоа, ама ако одиме по таа логика:

Еурофарм два пати го шљакаше Металург… Металург го победи Вардар, Вардар ја победи Барса, а Барса Киелце, потоа Вардар го победи Веспрем. Што значи дека Еурофарм :large_blue_circle::white_circle: е подобар од:
Металург
Вардар
Барса
Киелце
Веспрем

ПС Добредојде на форумот! :wink:

#20

Само нека има европски титули, да им ги собереме на EHF сите елечиња во кои сме сликале финалиња :smiley:

1 Лајк