Ова е цивилизирано место за јавна дискусија

Однесувај се на овој форум со иста почит како што би се однесувал во јавен парк. Ова е ресурс кој го дели цела заедница — простор за споделување на вештини, знаење и интереси преку континуирана дискусија.

Ова не се строги правила, туку само сугестии и насоки за да го помогнеме градењето на силна праведна заедница и да обезбедиме широко достапно чисто место за цивилизиран јавен дискурс.

Подобри ја дискусијата

Помогни ни заедно да го унапредуваме ова место за дискусија со тоа што секогаш ќе се обидуваш да придонесеш во дискусијата на одреден начин, без разлика колку е мал придонесот. Ако не си сигурен дена твојот пост придонесува во подобрување на дискусијата, размисли уште еднаш што сакаш да кажеш и подобро оформи го.

Темите кои се дискутираат тука нам ни значат, па сакаме да се вклучиш доколку ти значат и тебе. Почитувај ги темите и луѓето кои дискутираат, дури и кога не се согласуваш со нив или со некој дел од она што го напишале.

Еден начин за генерално да ја подобриш дискусијата е најпрво да ги откриеш сите дискусии кои се актуелни. Оддели време за разгледување на темите пред да одговориш или да отвориш твоја тема, бидејќи така ќе имаш подобро шанса да ги пронајдеш луѓето кои ги споделуваат твоите интереси и гледишта.

Биди културен, дури и кога не се согласуваш со некого

Веројатно ќе посакаш да одговориш на нешто преку изразување на твоето несогласување. Тоа е сосема во ред, но запомни – критикувај идеи, а не луѓе. Избегнувај:

  • Навреди
  • Ад хоминем напади (аргументи против личноста, а не кон суштината на дискусијата)
  • Реплицирање на тонот на постот наместо на содржината
  • Импулсивни емотивни реакции, без да одделиш време да размислиш

Наместо сето ова, сподели цврсти контра-аргументи за да го искажеш својот став и така да ја подобриш дискусијата.

Твоето учество е важно

Разговорите што ги водиме тука го поставуваат тонот за секој нов член. Помогни ни да влијаеме на иднината на оваа заедница со тоа што ќе одбереш да се вклучиш во дискусии кои го прават овој форум интересно место за дружење — и избегнувај ги дискусиите кои го прават спротивното.

Дискурсот обезбедува алатки кои ѝ овозможуваат на заедницата колективно да ги идентификува најдобрите (и најлошите) придонеси: обележувачи, лајкови, пријави, одговори, уредувања и така натаму. Употреби ги овие алатки за да го подобриш сопственото искуство и искуството на сите други членови.

Ајде да ја оставиме нашата заедница подобра отколку што ја најдовме.

Ако забележиш проблем, пријави го

Модераторите имаат посебен авторитет; тие се одговорни за овој форум. Но, и ти имаш одговорност. Со твоја помош модераторите можат да го олеснуваат функционирањето на заедницата, а не само да бидат чистачи или полицајци.

Кога ќе забележиш лошо однесување, не одговарај. Го охрабруваш лошото однесување со тоа што му посветуваш внимание, ја консумира твојата енергија и залудно го троши времето на сите. Само пријави го. Ако се соберат доволно пријави, ќе се преземат соодветни дејства, или автоматски или со модераторска интервенција.

За да ја зачуваме нашата заедница модераторите го задржуваат правото да ја отстранат секоја содржина и било кој акаунт од било која причина во секое време. Модераторите не прегледуваат нови постови; модераторите и операторите на сајтот не преземаат никаква одговорност за било која содржина постирана од заедницата.

Секогаш биди љубезен

Ништо не саботира здрав разговор како дрскост:

  • Биди љубезен. Не постирај нешто што разумна личност ќе го смета за навреда, насилство или говор на омраза.
  • Нека биде пристојно. Не постирај нешто непристојно или со експлицитна сексуална содржина.
  • Почитувајте се еден со друг. Не ги малтретирај другите, не се претставувај лажно, и не откривај туѓи приватни информации.
  • Почитувај го нашиот форум. Не спамирај и не го вандализирај овој форум на било кој друг начин.

Овие не се строги правила со прецизни дефиниции — избегнувај дури и нешто што само личи на било која од наведените точки погоре. Ако си несигурен тогаш запрашај се како би се чувствувал ако твојот пост е објавен на насловната страница на New York Times.

Ова е јавен форум и пребарувачите ги индексираат овие дискусии. Внимавај на јазикот, линковите и сликите, да бидат безбедни за семејството и пријателите.

Нека биде средено

Потруди се да ги објавуваш содржините на вистинското место, за повеќе да дискутираме, а помалку да средуваме. Затоа:

  • Не создавај тема во погрешна категорија
  • Не го постирај истиот пост во повеќе теми.
  • Не постирај одговори без содржина.
  • Не пренасочувај тема во средина на дискусија.
  • Не се потпишувај во постовите — секој пост ги содржи твоите информации од профилот.

Наместо да постираш одговор со “+1” или “Се согласувам”, искористи го копчето за лајкување. Наместо постоечка тема да ја носиш во сосема друга насока, искористи го копчето за Одговори како поврзана тема.

Постирај само твоја сопствена содржина

Не смееш да објавуваш ништо дигитално што му припаѓа на некој друг без дозвола. Не можеш да објавуваш описи на, врски до, или методи за крадење нечиј интелектуален имот (софтвер, видео, аудио, слики) или за кршење на било кој друг закон.

Овозможено од тебе

Овој сајт е управуван од твојот пријателски персонал и од тебе, заедницата. Ако имаш други прашања за функционирањето на заедницата, отвори нова тема во категоријата за фидбек и ајде да дискутираме! Ако има критичен и итен проблем што не може да биде решен со пријава, контактирај нè преку страницата за персоналот.

Услови за користење

Да, правничките термини се досадни, но ние мораме да се заштитиме себеси – а со тоа и тебе и твоите податоци – од непријателски расположени луѓе. Затоа имаме Услови за користење кои го опишуваат твоето (и нашето) однесување и права поврзани со содржината, приватноста и законите. За да ја користиш оваа услуга мора да се согласиш дека ќе ги почитуваш нашите Услови за користење.